Крос е пример за секој спортист, но ги шокира Кралевите со еден потег

Иако фудбалската сезона заврши, во Реал Мадрид напорно се работи на засилувања и обновување на договори со играчи на кои Карло Анчелоти ќе смета и следната сезона.

Таков беше примерот со Лука Модриќ, а кога дојде време и Тони Крос да стави потпис на нов договор, Германецот ги шокираше Кралевите.

Имено, Крос засега не сака да ја обнови соработката бидејќи актуелниот договор му важи до јуни 2023. По крајот сезоната 2022/23, доколку клубот смета дека Крос и натаму е неопходен на екипата, тој ќе го продолжи договорот.

Со овој џентлменски потег, Крос наговестува дека не сака да биде терет на Реал, но во секој момент е подготвен да одговори на повикот доколку добие дознаење дека и натаму може да им помогне на Кралевите.

Во време кога спортистите многу лесно се залетуваат по пари, Крос е пример како треба да се однесува еден спортски работник.

- Оглас -

Најнови вести