Легендарниот германски фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос, смета дека Педри од Барселона е најдобар во светот на својата позиција.
Германецот кој минатото лето ја заврши играчката кариера, верува дека на играчот од Канарските Острови кој ја разигрува Барселона е кандидат за „Златната топка“.
„Тој е најдобар во светот на својата позиција. За мене, играч како Педри е поважен од Јамал, Рафиња или Левандовски. Тие се оние кои го одлучуваат исходот од натпреварите, но Педри нуди решенија и придонесе не се гледа само преку голови и асистенции. Таков играч кој секогаш ќе ви недостасува ако не игра, без разлика против кого играте. Го следев што прави Педри оваа сезона, тој ги надигрува своите противници во секој натпревар, Има дарба да дрибла мал простор, помага во секоја фаза од играта“, рече Крос во својот подкаст.
Крос вели дека и на своја кожа го почувствувал квалитетот на Педри.
„На еден меч во Мадрид мислев дека можам да го дофатам, бидејќи Педри не изгледа многу брз, но брз е, движењата му се со леснотија. Не можев да го сопрам ни со фаул“ додава Крос.