Крос: Им требаа три месеца, а се виде во истата секунда, дали сега јас сум европски првак?

Поранешниот германски фудбалер Тони Крос даде свој коментар по признавањето на судиската грешка од страна на судискиот комитет на УЕФА за недосуден пенал на четвртфиналниот натпревар на ЕП 2024 меѓу Германија и Шпанија.

Во 106-тата минута од тој меч, топката го удри во рака Шпанецот Марк Кукурелја по шутот на Џамал ​​Мусијала, раката не беше залепена до телото, но судијата Ентони Тејлор не досуди пенал. Малку подоцна Германија прими гол и беше елиминирана, а за Крос тоа значеше и крај на неговата легендарна кариера.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Крос, меѓу првите ја искритикува УЕФА.

„Им требаа три месеца за да сфатат дека тоа е рака, а сите го видоа тоа уште во истата секунда. Тоа неизмерно ме смирува, хахаха. Може ли да се нарекувам европски шампион? Затоа што сега и официјално ја потврдија грешката. Не верувам“, искоментира Крос, чија кариера можеби ќе потраеше барем за уште еден меч подолго ако Тејлор досудеше пенал и Германците го реализираа.

Меѓународните судии добија инструкции од УЕФА за новата сезона. Во извештајот испратен до сите судии сега веќе не е важна позицијата на раката, туку важно е дали топката оди кон голот. Ако е запрена од рака која не е прикачена на телото, како во случајот со Кукурелја, мора да се досуди пенал.

- Оглас -

Најнови вести