Крос искрен: „Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал Мадрид“

Тони Крос летово ја заврши кариерата и одлучи да се пензионира. За Реал Мадрид последниот натпревар го одигра во финалето на Лигата на шампионите, додека за репрезентацијата на Германија тоа беше мечот против Шпанија на Европското првенство.

Германецот продолжува активно да го следи светскиот фудбал, посебно ова се однесува за Реал Мадрид, но вели дека му е чудно да ги гледа нивните натпревари.

„Реал Мадрид продолжи и кога замина Кристијано Роналдо и кога си замина Серхио Рамос. Клубот се прилагоди и продолжи да победува. Без нив двајца, иако се легенди и иако беа важни играчи, освоени се две титули во Лигата на шампионите. Така ќе биде и сега. Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал, перспективата е поинаква. И понатаму се чувствувам како да сум дел од тимот, тоа не можам да го игнорирам. Сепак, морам да кажам дека играњето не ми недостасува“, вели Тони Крос.

- Оглас -

Најнови вести