28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Крос ја откри тактиката на Реал за дуелот против Аталанта

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид утре ќе гостува во Бергамо кај Аталанта, тим кој од минатата сезона е едно од најпријатните изненадувања во Европа. Реал има многу проблеми со повредени играчи, но тоа е клуб кој никогаш не се предава.

Тони Крос веќе неколку години е дел од Реал и знае како се освојуваат и европски титули. Германскиот интернационалец знае дека против Аталанта ќе биде многу тешко да се победи и дека италијанскиот тим сака да игра офанзивно и дека Реал ќе мора и да се брани.

„Без разлика што ни недостасуваат неколку важни играчи, ние мора да го дадеме најдоброто од нас. Секогаш се обидуваме да го контролираме мечот и да го задржиме поседот на топката, но овојпат ќе се соочиме со екипа која игра поинаку. Ќе биде тежок дуел, но тоа веќе го знаеме. Секој дуел е како финале. Лигата на шампионите дури сега започна. Нема да ни биде лесно против екипа која игра добар фудбал и сака да напаѓа. Свесни сме дека мора и да се браниме“, вели Крос.

 

- Оглас -

Најнови вести