Крос му даде „корпа“ на Реал Мадрид

Тони Крос е еден од оние фудбалери кои се „злато вредни“. Германецот дојде во Кралскиот клуб во 2014 година и постојано е еден од клучните фудбалери во успесите направени во изминатава деценија.

Актуелниот договор на Крос со Реал е до јуни 2023 година, што значи дека има само уште една сезона да одработи од актуелниот договор. Челниците на Реал неодамна му понудиле на Крос да разговараат за продолжување на соработката на уште една сезона, но 32-годишниот играч за врска едноставно ја одбил оваа понуда.

Крос заедно со Лука Модриќ и Касемиро се тројцата клучни фудбалери во средината на теренот за Реал. Досега со Кралскиот клуб освои 16 трофеи, а веќе на 28 мај ќе има шанса да се израдува и на уште еден пехар, тој во Лигата на шампионите.

Во Париз е финалето од ЛШ, во кое Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести