Крос му се извини на Педри: Не ми беше намерата да те повредам, побрзо оздравување!

Тони Крос го искористи своето отворено писмо на Инстаграм за да испрати порака и до шпанскиот фудбалер Педри, кој го напушти теренот повреден во 6-тата минута од дуелот на Шпанија и Германија по дуел со германскиот играч за врска.

На 21-ви мај Крос го најави своето пензионирање на крајот на сезоната, а одбројувањето заврши вчера, за жал Тони веќе нема да го гледаме на фудбалските терени.

Крос во 2021 година се повлече од репрезентацијата, но се врати на инсистирање на селекторот Јулијан Нагелсман, поради идиличното збогување за него на Европско првенство во својата земја.

„Ми заѕвони телефонот на 29.09.2023 година. Ме бара Јулијан Нагелсман, знаев што ќе бара од мене, да се вратам во репрезентацијата. Одлучив со срце и кажав да. Мојата прва мисла утрово на 6 јули 2024 година: Мило ми е што го направив тоа. И покрај сета тага и празнина од последниот судиски свиреж вчера. Не очекував дека за толку кратко време ќе имаме реални шанси да ја освоиме титулата и да се вратиме на исто ниво со најдобрите. Горд сум на постигнатото, цела Германија треба да биде. И една молба од мене, сега кога Германија го закрепна својот омилен синм, не дозволувајте да избега. Патувањето на овој тим продолжува. И брутално помага ако останете покрај него и во лошите фази! Затоа што можам да ве уверам едно: ова е група на големи луѓе кои ќе дадат сè за да успеат!“, напиша Крос во делот околу германската репрезентација, а потоа дојде и извинувањето до плејмејкерот на Барселона.

„И едно последно нешто што ми е многу важно: Извини, и оздрави наскоро, Педри! Логично не ми беше намерата да те повредам. Брзо закрепнување и се најдобро. Ти си одличен играч“, напиша Крос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести