Крос: Не го жалам Азар, ниеден фудбалер не е за жалење

Германецот од Реал Мадрид, Тони Крос, даде интервју за германски медиум, во кој рече дека иако сочувствува во ситуацијата на неговиот соиграч Еден Азар кој не игра, не го жали Белгиецот.

Азар од 2019 година е во Реал, а уште нема играно на Ел Класико, иако поминаа веќе десетина.

„Тешка му е ситуацијата и тоа трае долго, но во фудбалот нема место за жалење некого, и тука не мислам само на парите. Еден воопшто нема лош живот. Треба да ги жалиме луѓето на кои им е многу полошо. Не жалам никого што е во фудбалот“ – рече Крос.

- Оглас -

Најнови вести