Крос не се согласува да има кратење на платите ако тие пари не одат во хуманитарни цели

Фудбалерите на Реал Мадрид во текот на целата 2020 година ќе добиваат помеѓу 10 и 20 отсто помала плата од тоа што го имаат потпишано според договорите. Причина за ваквата одлука е кризата која го зафати фудбалот поради пандемијата со Коронавирусот.

Германскиот репрезентативец Тони Крос беше првиот кој јавно го изрази своето незадоволство за кратење на платата.

„Јас сум против кратењето на платата на фудбалерите поради кризата со Коронавирусот. Сметам дека сите треба да добиеме цела плата и потоа разумно да одлучиме што ќе правиме со парите. Намалувањето на платата, посебно тоа како што го направија играчите на Барселона, е бескорисно. Тоа е донација на клубот од самите играчи, а не за болните или ранливите категории на луѓе“, вели Крос, кој додава дека ако добиеле цела плата, тие потоа сами ќе донирале пари за најзагрозените групи од опасниот вирус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести