Во својот поткаст Einfach mal Luppen, Тони Крос изјави дека нема да ги гледа полуфиналните натпревари на ЕВРО 2024 бидејќи верува дека нема да има натпревари поквалитетни од оној меѓу Германија и Шпанија во четвртфиналето.
Инаку, штотуку заврши неговата беспрекорна кариера како професионален фудбалер, а Тони сè уште не се чувствува како поранешен фудбалер.
„Подоцна, кога ќе почнат подготовките и сезоната, ќе сфатам дека сум пензиониран, сега и онака ќе бев на одмор. Уште имам чувство на тага по елиминацијата од Шпанија“, рече Крос.