Крос останува Крал, се чека и Модриќ да стави параф на новиот договор

Тони Крос потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“, ќе остане цела деценија, објави весникот „Марка“.

Германецот кој од 2014 година го носи кралскиот дрес, досега одигра 405 натпревари и постигна 27 гола и притоа ги освои сите можни трофеи. Крос со Реал четири пати триумфира во Лигата на шампионите, три пати во Ла Лига, има пет титули од светското клупско првенство и по три трофеи од европскиот и од шпанскиот Суперкуп.

Во следните денови се очекува истото да го направи и Лука Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести