Поразот на Германија од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство значеше дека и официјално дојде крајот на фудбалската кариера на Тони Крос. Сепак, и покрај поразот, тој е горд на постигнатото и верува во оваа генерација дека може да донесе големи успеси на нацијата.
„Нема да кажам дека ова беше брутално, но дадовме се од себе, не сакавме да загубиме и бевме многу блиску да успееме во тоа. Сега нашето испаѓање фрла сенка на сето тоа, сакавме да направиме нешто големо, но тој сон сега заврши. Игравме добар турнир и тешко е да го прифатиме испаѓањето кога бевме многу блиску до плсман понатаму. Сепак, мора да бидеме горди бидејќи напредувавме, а мене ми е мило што ѝ помогнав на Германија како фудбалска нација повторно да има надеж. Сигурен сум дека оваа генерација во иднина ќе има успеси.“ – рече Крос после поразот од Шпанија.