Крос се изнасмеа на изјавата на Видал дека тој го научил како да додава

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал даде интересна изјава дека кога играл со Тони Крос во Баер Леверкузен во 2009 година, Германецот не бил добар додавач, и тој заедно со Ренато Аугусто го научиле Тони како да ја подобри својата техника.

„Крос научи многу од мене. Технички беше добар, но му фалеше прецизност во додавањата. Јас и Ренато Аугусто му покажавме како функционира фудбалот“, се фалеше Видал кој сега игра за Коло-Коло, а Крос од летоска е во пензија.

Откако го прочита ова, Крос одговори со три емотикони на човек кој се смее со солзи.

- Оглас -

Најнови вести