Крос се налути: Не ме критикувајте во пакет со Модриќ, јас сум пет години помлад

Фудбалерите на Реал Мадрид кои во изминативе неколку години донесоа многу радости и трофеи во витрините на „Сантијаго Бернабеу“, сега се на мета на критики. Лука Модриќ (38 години) и Тони Крос (33), го загубија местото во стартниот тим, но и покрај тоа што не се прва опција за да бидат на теренот во средниот ред, често се наоѓаат на отстрел во јавноста.

Медиумите коментираат како Модриќ и Крос оваа сезона воопшто не требало да бидат дел од Реал Мадрид и дека било грешка што пред неколку месеци им бил понуден нов едногодишен договор.

Марио Кортегана кој е инсајдер на Реал Мадрид, пишува дека Крос е иритиран поради критиките кои се во пакет за него и Модриќ.

„Неверојатно е дека нас двајца секогаш нѐ критикуваат во пакет. Секоја чест за Модриќ како играч и како човек, но јас сум друг играч за разлика од него. Дури јас сум и пет години помлад“, била реакцијата на искусниот Германец.

- Оглас -

Најнови вести