Крос се одјави од Реал и најави: „Дресот со број 8 има нов сопственик“ (Видео+Фото)

Финалето од Лигата на шампионите во Лондон беше последниот натпревар во клупската кариера на Тони Крос. Германецот оди во пензија како вистинска легенда на Реал Мадрид, но многумина се прашуваа кој ќе ја носи сега осумката на Крос во Реал Мадрид.

Самиот фудбалер тоа го откри на прославата во Мадрид, кога пред сите кажа: „Бројот осум сега е слободен. Мене ми е задоволство да му го дадам бројот осум на ова момче, Валверде, и сигурен сум дека го заслужува“. Навивачите на Реал Мадрид во тој момент почнаа да скандираат „Феде, Феде“ во чест на Уругваецот, кој е новата осумка на Кралскиот клуб.

Валверде во изјава за клупската телевизија на Реал Мадрид изјави дека во моментот кога Крос кажал дека токму тој ќе ја добие легендарната осумка, започнале да му се тресат нозете.

„Благодарен сум на времето кое го поминав со Тони, беше неверојатно“, додаде Уругваецот.

- Оглас -

Најнови вести