Крос се отрул од алкохол после поразот во финалето во 2012 година

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, со неговиот брат Феликс, имале проблем со алкохолот поради поразот на Баерн Минхен од Челзи во финалето на Лигата на шампионите во 2012 година, па за малку ќе завршеле на „чистење“ на токсикологија. Тоа финале се играше во Минхен, Челзи во финишот на регуларниот дел се спаси од пораз, и потоа славеше на пенали, па Крос бил неутешен.

„После финалето во 2012 година, од огромно разочачрување испивме многу алкохол. Бевме блиску до тоа да имаме потреба од итна медицинска помош“ – раскажува Феликс Крос кој е играч на Унион Берлин.

Тони се сеќава на жена му Џесика била против да повикаат Брза помош.

„Жена ми не сакаше. Таа велеше замислете што ќе се случи ако повикаме амбулантно возило поради тоа што сме испиле премногу алкохол. Но, освен пиењето, немаше друг начин за ублажување на болката. На крај, сепак јас морав да се јавам и да повикам брза помош, за работите да не станат уште полоши“ – изјави ѕвездата на Реал, кој после разочарувањето, освои четири титули во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести