Крос се пофали со шампионскиот оброк (фото)

Триумфот над Вилјареал значеше дека Реал Мадрид по 34-ти пат ќе седне на шпанскиот трон, по што Кралевите вчера пред празни трибини ја кренаа титулата и го презедоа владетелството од Барселона. Иако навивачите недостасуваа за забавата да биде комплетна на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“, составот на Зинедин Зидан парадираше со пехарот на едно коло до крајот на првенството во Ла Лига.

По мечот, Тони Крос се пофали со шампионскиот оброк кој заслужено го доби за остварениот успех. Вечерата се состоеше од класичен хамбургер со прилог помфрит. Ваквиот тип брза храна не е препорачлив за спортистите да го конзумираат, меѓутоа оправдување на Крос за исклучокот му е освоената титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести