Пензионираниот германски фудбалер Тони Крос, кој долго време играше во Реал Мадрид со Кристијано Роналдо, го пофали историското достигнување на Португалецот кој го постигна својот 900-ти погодок на официјални мечеви во кариерата.
Крос се јави преку социјалните мрежи и искоментира: „Јас нема да стигнам до 900 дури ни ако ги соберам бројот на одиграни натпревари и голови кои сум ги постигнал на тренинзи“.