Крос со солзи се прости од „Сантијаго Бернабе“: „Се обидов да бидам силен, но не успеав“

Дуелот против Бетис (0-0) беше последниот за Тони Крос во дресот на Реал Мадрид пред домашната публика на „Сантијаго Бернабе“. Германецот беше заменет во 86-тата минута и со овации беше испратен од преполниот стадион, а на патот кон клупата фудбалерот и заплака.

„Бев прилично јак, се додека не ги видов моите деца.“ – рече Крос.

Тони Крос во 2014-тата година направи трансфер од Баерн Минхен во Реал Мадрид за 25 милиони евра. За „кралскиот“ клуб овие 10 години одигра 464 натпревари, на кои постигна 28 погодоци, а асистираше за 98. Со Реал Мадрид освои 21 трофеј.

- Оглас -

Најнови вести