12.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Крос „удри“ по Барселона: „Секој тим во ЛШ може да ги победи“

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос, кој ја заврши кариерата по минатогодишното Европско првенство, изјави дека неговиот поранешен голем ривал, Барселона, во моментов игра најатрактивен фудбал во Европа, но со премногу ризик во играта. Но, поради тоа и може секој да ги победи, посебно во Лигата на шампионите.

Поранешниот ас на Реал Мадрид го пофали тимот на Ханси Флик, но предупреди дека стилот на Барса може лесно да им се врати како меч со две острици.

„Кога имаат лош ден играчи како Педри, Ламин Јамал или Рафиња, секој противник може да ги загрози и да ги елиминира од Лигата на шампионите“, изјави Крос.

Како пример го наведе минатогодишниот натпревар против Интер, кога токму прекумерниот ризик во играта на Каталонците беше клучен фактор за поразот.

„Без разлика дали се работи за осминафинале, четвртфинале или финале, со таков пристап може лесно да наидат на проблем. Во Ла Лига тоа не е толку опасно бидејќи таму се доминантни“, додаде Германецот.

Барселона моментно минува низ тежок период, со два порази по ред – против ПСЖ во Лигата на шампионите и против Севиља во Ла Лига. Главниот проблем, според анализите, е премногу висока одбрана, која игра речиси 40 метри од својот гол, што го прави тимот ранлив на контранапади.

- Оглас -

Најнови вести