Тони Крос вечерва на мегдан против својата омилена жртва

Германскиот плејмејкер, Тони Крос, во претходните пет календарски години редовно постигнуваше гол против Селта Виго, и можеби тимот од областа Галиција вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ треба повеќе да се плаши од Крос, отколку од Еден Азар кој се враќа на терен после 82 дена пауза и според најавите, би требало да игра во последните 30-тина минути.

Крос не постигнува често голови, но уште се памети неговиот проектил од летоска кога придонесе за победа на Реал на гостувањето кај Селта. Со тој еврогол, Крос само ја продолжи серијата која почна во 2015 година. Од 2015 до 2019 година, Крос секогаш погодуваше против клубот кој е противник на Реал Мадрид вечерва.

Крос не играше во претходното коло против Осасуна и не беше баш расположен што Зидан го остави на клупа. Сега ќе биде мотивиран и можеби ќе дојде до 15-тиот гол во шпанската лига. Не само што Селта му е омилена жртва, туку пет гола против нив ги има од само пет шута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести