Крос вечерва ќе запише јубилеј и ќе влезе во елитно кралско друштво

На вечерашното гостување на Реал Мадрид кај Осасуна (21 часот) во рамките од 18-тото коло во Ла Лига, Тони Крос ќе го запише 300-тиот настап за Кралевите по што ќе се приклучи на елитно друштво.

Германецот ќе биде деветти странец во редовите на Реал кој стигнал до оваа бројка на настапи по Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Лука Модриќ, Алфредо Ди Стефано, Рафаел Варан и Пепе.

Од сезоната 2014/15, Крос како еден од клучните играчи на актуелниот шпански првак, освои вкупно 13 трофеи со учинок од 20 погодоци и 70 асистенции. Сезонава пропушти само два меча поради ситна повреда, додека во 21 меч досега дури 18 пати беше стартер во составот на Зидан.

- Оглас -

Најнови вести