Крос за одлуката на кариерата: „Имав договор со Јунајтед, но тогаш сè се промени“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Германија, Тони Крос, летоска одлучи да ја заврши кариерата и да ги закачи копачките на клин. Германецот во Мадрид пристигна во 2014 година, одигра 465 натпревари за Реал и стана вистинска легенда на Кралскиот клуб.

Сепак, во таа 2014 година можело сè да се промени и неговата кариера да има поинаков тек, но една случка го донела во Мадрид, иако веќе имал договор со Манчестер јунајтед.

„Пред да потпишам договор со Реал, веќе имав договор со Манчестер јунајтед, чиј тренер тогаш беше Дејвид Мојс. Раководството на Манчестер јунајтед одлучи да го смени Мојс, а потоа и да го ангажира Луис ван Хал. Потоа одлучив да го одбијам Манчестер јунајтед“, рече Крос.

- Оглас -

Најнови вести