Крос за периодот во Реал: „Ова мора да го знаете! На Флик во Мадрид би му се смееле“

Веќе подолг период се шпекулира дека ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид не е на потребното ниво и затоа изостануваат резултатите, па Тони Крос одлучи јавно да прозборува во гостување на „Ел Чирингито“ и да предизвика вистински фудбалски земјотрес во Шпанија.

Германецот случувањата во Реал Мадрид ги спореди со работата на Ханси Флик во Барселона, за кого велат дека е строг тренер кој сака ред, работа и дисциплина.

„Дисциплината на Флик? Во Реал Мадрид би му се смееле. Мора да ја знаете вистината. Во Реал Мадрид не се знае кој повеќе доцни, дали играчите или тренерите“, рече Крос.

Кралевите на крајот од оваа сезона одлучија да го променат тренерот, па на местото на Карло Анчелоти, кој стана селектор на Бразил, дојде Чаби Алонсо, кој ќе ја предводи екипата и на Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести