Сидни Крозби е голем човек – И подари автомобил на самохрана мајка (Видео)

Сидни Крозби одигра величенствено и надвор од терените во НХЛ лигата и покажа дека е голем човек со големиот гест кој и го приреди на припадничката на Армијата на САД, Медлин Малицио.

Еден од најдобрите хокеари на сите времиња и го подари автомобилот Хонда паспорт на 28-годишната самохрана мајка со три деца, во пресрет на Денот на ветераните.

Крозби го доби автомобилот како награда во ланското издание на Ол-стар мечот во НХЛ, кога беше избран за најкорисен играч.

Медлин е пет години во служба на Армијата на САД, а има три деца и никогаш досега немала автомобил, па подарокот на популарниот Сид Д Кид пристигна на вистинска адреса.

- Оглас -

Најнови вести