Крстајиќ им ги расипа плановите на скаутите на Барселона  

Српскиот селектор Младен Крстајиќ ги „издрибла“ претставниците на Барселона кои дојдоа во Лисабон да го гледаат младиот напаѓач Лука Јовиќ. За разлика од дуелот со Германија, кога Јовиќ беше стартер и даде гол, овојпат за гостувањето кај Португалија, Крстајиќ го изостави Јовиќ и го остави на клупата, а со тоа ги разочара скаутите на Барса, кои џабе допатуваа во Лисабон.

Голгетерот на Ајнтрахт е цел на Каталонците, но и за Баерн Минхен. Ерик Абидал, како човек на Барселона задолжен да го „скенира“ Јовиќ, остана изненаден и со празен простор во тефтерот. Стартер во нападот беше Александар Митровиќ, а Јовиќ воопшто не доби шанса.

„Исклучен сум од сите овие шпекулации за мојата иднина. И во минатото ми се правеше притисок поради слични работи. Ја научив лекцијата и сега поинаку гледам на работите. Моја задача е на секој меч да давам максимум и да бидам најдобар на теренот. Добро ми оди сезонава, се надевам дека ќе продолжам така“, изјави 21-годишниот Јовиќ чија цена според „Трансфермаркет“ е 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести