Крстајиќ: Утре ќе се бавиме со спорт, политиката ќе ја ставиме настрана

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Србинот Младен Крстајиќ, смета дека на утрешниот меч помеѓу Македонија и Бугарија ќе се води фудбалска, а не политичка битка.

„Кога е спорт во прашање, не може да нема интерес. Македонија игра дома и има интерес да победи, а и ние ќе се обидеме да победиме и да ја оствариме целта. Го победивме Гибралтар, но утре е сосема поразличен дуел, Македонија е квалитетен тим. Очекувам да ја имаме истата енергија како со Гибралтар. Сум имал прилика да учествувам на мечеви каде имало потенцијални инциденти и провокации, но тоа не ме интересира. Ние ќе се занимаваме со фудбал, политиката ќе им ја оставиме на политичарите“ – рече Крстајиќ.

Крстајиќ не е на иста линија со капитенот Кирил Десподов кој вчера рече дека македонскиот тим дуелот ќе го гледал политички, а не фудбалски. Сепак, денеска во Скопје, и Десподов ја смени лентата и зборуваше само за фудбал.

„Што треба да направиме за да победиме? Да играме подобро од Македонија, да се бориме и да владееме со ситуацијата на терен“ – изјави фудбалерот на Лудогорец.

- Оглас -

Најнови вести