38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Крсте Велкоски ангажира босанска и југословенска легенда за тренер на Сараево

Хусреф Мусемиќ е нов тренер на Сараево, а ова ќе биде дури шести различен мандат кој го почнува легендарниот Босанец на клупата на неговиот сакан клуб.

Мусемиќ како играч настапуваше за Сараево од 1979 до 1985 година, а потоа четири години го носеше дресот на белградскаta Црвена ѕвезда.

Последен пат во Сараево беше од 2017 до 2019 година, кога доби отказ во време кога му беше тренер на Крсте Велкоски. Сега Велкоски е главен човек во клубот околу кадровските решенија, па реши да му даде нова шанса на својот некогашен шеф, што е добар маркетиншки потег со оглед на популарноста на Мусемиќ меѓу фановите.

- Оглас -

Најнови вести