Крсте Велкоски го продолжува договорот со Сараево

Искусниот македонски репрезентативен напаѓач Крсте Велкоски, и во следната сезона ќе го носи дресот на Сараево, клуб чиј капитен е. Со новиот договор, 33-годишниот Велкоски останува во тимот од главниот град на Босна и Херцеговина до јуни 2023 година.

Актуелниот договор на Крсте истекува на крајот на јуни, но информациите од Сараево кои засега се само неофицијално, велат дека тој се согласил на продолжување на соработката за уште две сезони.

Во минатата сезона, Велкоски на 34 меча во сите натпреварувања имаше четири гола и седум асистенции. Севкупно во два мандати во дресот на Сараево, Велкоски има 66 гола на 209 меча, а освои по три титули во првенството и купот на БиХ.

- Оглас -

Најнови вести