Крсте Велкоски се врати во ФК Сараево, но не како играч

Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски е нов технички директор на фудбалскиот клуб Сараево.

Велкоски кој има 37 години, играше за повеќе домашни и странски клубови, а во странство најдолго (пет години) се задржа во Сараево. Минатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров и му помогна на тимот да се врати во прва лига.

„Во својата нова улога, Крсте ќе биде клучна спојка меѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим. Задачата ќе му биде да ги спои сите сегменти на спортскиот развој на клубот, со цел градење на јасна, препознатлива и долгорочно одржлива спортска филозофија. Истотака, Велкоски ќе биде задолжен за соработка со играчите кои доаѓаат во клубот, за да им помогне во адаптацијата. Добредојде назад Крсте, сега во нова улога, но со стара мисија, освојување трофеи“, објавија од клубот.

- Оглас -

Најнови вести