Крсте Велкоски со сцена од филм ги провоцира ривалите по синоќешниот луд пресврт (Видео)

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски, кој е капитен на Сараево, даде интересно видување на синоќешниот пресврт на неговиот тим против Радник и предизвика интерес. Сараево прими гол во 88-мата минута за 0-1, но во 89-тата и во 91-вата дадоа два за ретко виден пресврт во овој драматичен меч од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Крсте не даде гол, но преку социјалните мрежи објасни што е за него фудбал објавувајќи сцена од популарниот српски филм „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“.

„Ако не знаевте, еве“, порача Велкоски.

Погледнете ја сцената која ја објави Велкоски:

- Оглас -

Најнови вести