Крушата под круша паѓа – таткото на голманот на Саутхемптон исто така беше „избушен“

Голманот на Саутхемптон, Ангус Ган, во петокот беше жртва на слабата одбрана на неговите соиграчи, па прими рекордни девет гола и се запиша во неславната листа на рекорди во англиската Премиер лига. Интересно е што слична судбина имаше и неговиот татко, кој пред 27 години, на дуел од најсилната англиска лига прими 7 „парчиња“.

Победата на Лестер од 9-0 е највисока гостинска победа во најсилното англиско друштво во 131 година постоење на лигата, а со таков резултат пред 15 сезони и Манчестер јунајтед го прегази Ипсвич.

ТИМОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ШМАЈХЕЛ ДАВААТ ПО 9 ГОЛА, ГОЛМАНИТЕ ОД СЕМЕЈСТВТО ГАН ПРИМИЈА 16 НА ДВА МЕЧА

Заедничко за двете победи од по 9-0 е што и за Јунајтед во март 1995 и сега за Лестер, бранеа дански голмани со исто презиме. Се разбира, тоа се таткото Питер и синот Каспер Шмајхел.

Од друга страна, семејството Ган има традиција на примање многу голови. Синот Ангус настрада во петокот, а пред 27 сезони неговиот татко Брајан, како чувар на Норвич, прими 7 гола на една средба со Блекбурн. Не се 9 гола, но и овие 7 не се малку. Несреќниот Брајан Ган седум пати ја вадеше топката од мрежа, а тоа е најубедлив пораз во историјата на Норвич.

- Оглас -

Најнови вести