16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Круз Азул со историската седма титула во КОНКАКАФ обезбеди место на Светското клупско првенство

Мексиканскиот фудбалски гигант Круз Азул на доминантен начин ја освои својата седма титула во КОНКАКАФ Шампионскиот куп откако во финалето во Мексико сити го декласира канадскиот Ванкувер вајткепс со убедливи 5-0.

Капитенот Игнасио Риверо го отвори резултатот уште во осмата минута, а само по 20 минути Лоренсо Фаравели го удвои водството. До полувремето сè веќе беше решено – Анхел Сепулведа и Матеуш Вогуш ја зголемија предноста на 4-0. На почетокот на второто полувреме, Сепулведа со удар со глава го постави конечниот резултат.

Со овој триумф, Круз Азул се израмни со Клуб Америка на врвот на листата на најуспешни клубови во 60-годишната историја на турнирот, со по седум освоени титули. Покрај трофејот, Мексиканците обезбедија пласман на Светското клупско првенство, како и место во новоформираниот Интерконтинентален куп.

- Оглас -

Најнови вести