Крузеиро е „фикс на вечерта“ во Бразил

Баија – Флуминенсе (00.00 часот)

Двата тима окуражени влегуваат во двобојот, бидејќи пред неколку дена победија во куп натпревари. Флуминенсе пет години нема победено на гостување во Салвадор, а од последните девет меѓусебни дуели на овие екипи, дури осум завршиле со 0-2 гола. Во првите пет кола, Флуминенсе ниту еднаш не одигра нерешено.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Коринтијанс – Сао Пауло (00.00 часот)

Според имињата на клубовите, ова е дерби на шестото коло во бразилската Серија А. Градските ривали Традицијата е на страна на домашните. Сао Пауло не знае за пораз сезонава, но не победил на гости кај Коринтијанс уште од март 2014 година. Последните пет меѓусебни дуели кога Коринтијанс беше домаќин, завршија со 2-3 гола.

Предлог тип: Х (2.62)

 

Крузеиро – Шапекоенсе (00.00 часот)

И Крузеиро и Шапекоенсе се во криза, имаат по два порази по ред, и овој меч им е шанса да се извлечат од долната половина на табелата. Гостите во последните четири кола, освоија само еден бод. Крузеиро нема право на уште еден кикс и важи за фаворит во дуелот. Според традицијата, тука не би требало да биде ГГ, бидејќи на последните шест меѓусебни меча во Бело Хоризонте, едниот тим не давал гол.

Предлог тип: 1 сигурна (1.92)

 

Форталеса – Васко да Гама (00.00 часот)

Ова се екипи со познати тренери, на клупата на Форталеса е легендарниот голман Рожерио Сени, а Васко го води Валдерлеи Лушембурго. После пет кола, Фортралеса има две победи и три порази, додека славниот клуб од Рио де Жанеиро е големо разочарување и моментно е последен на табелата со два бода, и уште не знае за победа. Васко прими 11 гола на пет меча.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

Канзас сити – Сиетл (00.00 часот)

Во МЛС лигата доцна вечерва се играат два меча, од кои овој е поинтересен. Канзас има пет повредени и уште пет ровити играчи за кои не е сигурно дали ќе може да играат. Овој тим не славел уште од 30 март. Сиетл саундерс во последните шест настапи има четири нерешени и две победи. Но, шест години не победиле во Канзас сити. Сиетл со победа би за зацврстил на второто место на Западот.

Предлог тип: 2 (3.75)

- Оглас -

Најнови вести