Крузеиро и Ривер ќе надоместат за тоа што првиот меч им заврши 0-0

Крузеиро – Ривер плејт (00.15 часот)

Точно пред 43 години, Крузеиро ја победи Ривер со 3-2 и ја освои својата прва титула во Копа Либертадорес, а сезонава само за еден од овие два големи клуба ќе има место во четврт-финалето. Првиот меч во Буенос Аирес заврши 0-0, но тоа не е којзнае каква предност за Бразилците кои се домаќини на реваншот. Крузеиро дома уште од мај нема добиено меч кој не е од купот, а во 2015 година дома загуби од Ривер со 0-3. Овојпат веруваме дека ќе има голови на двете страни. Ривер е бранител на трофејот и си има свои сметки.

Предлог тип: ГГ (2.25)

 

Олимпија Асунсион – ЛДУ Кито (02.30 часот)

Еквадорците на ова гостување во Парагвај дојдоа со предност од 3-1. Олимпија ќе брка победа од 2-0, а нападот не им е проблем, може да му дадат барем два гола на Кито, но прашањето е дали одбраната ќе биде на ниво и дали домашните може да не примат гол. Ако сака да оди понатаму, Олимпија мора да даде најмалку два гола.

Предлог тип: Т1 2+ (1.66)

 

Палмеирас – Годој Крус (02.30 часот)

Искуството е клучната предност на Палмеирас против аргентинскиот противник. Годој водеше 2-0 по 30 минути игра на првиот дел, утна и пенал, па тимот од Сао Пауло е среќен што дома стартува со 2-2. Палмеирас игра добро на свој терен и не би смеел да ја прокоцка шансата да се најде меѓу осумте најдобри во Јужна Америка.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.74)

 

Флуминенсе – Пењарол (02.30 часот)

Славниот уругвајски Пењарол гостува на култната „Маракана“ во Рио,ж со надеж дека може да направи чудо и да се пласира во следната рунда од Копа Судамерикана. Флуминенсе на гости го доби првиот меч со 2-1 и тоа им е единствена светла точка сезонава бидејќи во бразилската лига немаат победа уште од 18-ти мај.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.40)

 

Лас Вегас ејсес – Далас вингс (04.00 часот)

На овој натпревар од женската кошаркарска ВНБА-лига, победата на домашните не би требало да биде доведена во прашање. Дилемата е само дали Асовите ќе триумфираат со 13 или помалку поени, колку што е границата на хендикепот. Лас Вегас е лидер на Западот со 13-6, а Далас е последен со 5-14. Крилата имаат пет порази по ред, додека Лас Вегас загуби само еден од последните девет дуели. До минатата сезона, традицијата беше на страната на Далас, но сега работите се сменија. Пред еден месец, кога играа меѓу себе, резултатот беше 18 поени разлика за Ејсес.

Предлог тип: Х 1 -12.50 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести