Крвавата тепачка донесе страшен епилог, има и навивач кој се бори за живот

Ница и Келн одиграа 1:1 во првиот меч од Конференциската лига, а иако немаше победник на теренот, на трибините воопшто не беше мирољубиво. Пред мечот, навивачите на двата тима направија хаос на трибините.

Келн во Ница дојде со 8.000 фанови, кои решија да не бидат мирни, туку да направат хаос, секако во „соработка“ со домашните симпатизери. Жестоки тепачки имаше на трибините, а во еден момент еден навивач на гостите, падна од трибината. Овој инцидент може да го видите ТУКА.

По завршување на мечот, познат е и епилогот од инцидентот. Има 18 повредени, од кои двајца се прободени со нож, но за среќа не се во животна опасност. Сепак, има еден навивач кој е во животна опасност и тоа е тој што падна од трибините. Лекарите во болницата се борат за неговиот живот.

- Оглас -

Најнови вести