Крвнички му удри бокс во стомак на ривалот, па си молчеше и друг фудбалер место него беше исклучен (Видео)

Напаѓачот на Болтон, Елијас Качунга, имаше серија неспортски потези во 28-мата минута на мечот со Форест грин во Лига 1 во Англија и место него, настрада неговиот соиграч Дион Чарлс.

Качунга без причина крвнички удри противнички играч во шеснасетникот на гостите, и тоа со бокс во стомакот, а потоа си молчеше и кога главниот судија погреши.

Наместо Качунга, исклучен беше вториот напаѓач на Болтон, Дион Чарлс.

Во Лига 1 во Англија нема ВАР-систем, па не можеше да се провери ситуацијата и „ни крив, ни должен“ настрада стрелецот на првиот гол на мечот, Чарлс.

 

- Оглас -

Најнови вести