Крвнички старт на Руни, судијата дури по ВАР асистенција реши да го исклучи (Видео)

Вејн Руни во текот на кариерата има дадено многу убави погодоци, но голгетерот е познат и по испадите и опасните фаули кои знае да ги направи. Токму еден таков испад, Руни имаше вечерва. Неговиот ДЦ Вашингтон загуби од Лос Анџелес со убедливи 4:0, а некогашниот англиски репрезентативец предвреме мораше да го напушти теренот.

Лос Анџелес веќе имаше предност од 3:0, кога Руни крвнички стартуваше врз еден противнички играч. Судијата најпрво му додели само жолт картон, но откако доби сугестија дека треба да погледа репетиција на ситуацијата, жолтиот картон го замени со црвен, па Руни мораше да го напушти теренот.

Како што беше стартот, добро е што повредениот играч нема посериозна повреда.

https://youtu.be/kTG2BPRKdyk

https://streamable.com/dyoqk

- Оглас -

Најнови вести