Крводарителна акција во Видеолотарија Касинос Австрија  

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија е во хумана мисија. Во просториите на Видеолотарија беше реализирана крводарителна акција.

Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје во своите простории реализираше крводарителна акција. Во оваа акција вработените заедно со нашиот бренд амбасадор, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, даруваа крв.

Акцијата е убава хумана традиција која ја практикуваме двапати во годината како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин Видеолотарија ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на нашите вработени, во насока на давање корпоративен придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.

  • Ознаки
  • VLT
- Оглас -

Најнови вести