Кошаркарскиот сојуз на Србија реагираше на шпекулациите дека Светислав Пешиќ е сменет од селекторската позиција на машката репрезентација.
Во официјалното соопштение се нагласува дека Пешиќ има договор со КСС до 30 септември 2025 година. Во наредните денови ќе се одржат разговори со него, ќе се направи анализа на резултатите од Европското првенство, а потоа ќе се донесе одлука која ќе биде во интерес на српската кошарка и националниот тим.
„Сојузот стои зад селекторот Пешиќ, кој ги донесе последните две златни медали за нашата репрезентација, ја предводеше Србија до одличја на двете последни големи натпреварувања и го врати култот на репрезентацијата и довербата кај навивачите“, се истакнува во соопштението.
Сепак, српските медиуми најавуваат дека најверојатно Светислав Пешиќ ќе замине од функцијата, а новиот селектор ќе се бара меѓу Душан Алимпијевиќ и Саша Обрадовиќ.