Атлетико Мадрид има изненадувачко водство од 1-0 на гостувањето кај Барселона во ова шпанско четвртфинале на Лигата на шампионите, благодарение на фантастичниот гол од слободен удар на Хулијан Алварес во финишот на првиот дел.
Алварес покажа дека е голем мајстор за вакви ситуации, користејќи го фаулот на Пау Кубарси кој беше и исклучен, па Каталонците цело второ полувреме на „Камп Ноу“ ќе имаат човек помалку на терен. Ова е дури петти пат во последните три сезони во ЛШ, играч на Барса да добие црвен картон уште во прво полувреме.
Јорганџиите 20 години не победиле на „Камп Ноу“ и вечерва имаат добра прилика да го разбијат малерот и оваа најцрна серија во клупската историја.

