17.8 C
Skopje
вторник, 5 август 2025

Кубарси се повреди на пријателски меч, Флик не можеше да поверува што се случи (Видео)

Барселона славеше со убедливи 5-0 на пријателскиот меч против корејски Даегу, но Ханси Флик ќе има главоболки после овој натпревар.

Се играше 87-мата минута, а резултатот веќе беше 5-0 за „каталонците“ кога се повреди младиот дефанзивец, Пау Кубарси, кој мораше да го напушти теренот, но се движеше самостојно, откако медицинскиот тим го прегледа.

Сега останува да се сочекаат деталните прегледи за да види дали и колку ќе паузира Кубарси, а реакцијата на Ханси Флик, која беше снимена од камерите, кажува се.

- Оглас -

Најнови вести