Кубарси: Во моментов Златната топка би му ја дал на Рафиња, и Јамал би се согласил на тоа

Пау Кубарси, кој моментно тренира со шпанската репрезентација, беше интервјуиран и разговараше за актуелните работи и даде неколку интересни одговори.

На прашањето кому би му ја доделил Златната топка, одговори Рафиња.

„Во моментов, врз основа на сезоната и како што се одвиваат работите, тоа е Рафиња. Нема да се налути Ламин кога ќе го слушне ова. Тој ме разбира. И Ламин би рекол Рафиња“, вели Кубарси.

Хулијан Алварес од Атлетико е фудбалерот кој Кубарси би сакал да го има за соиграч во Барса, а за можното финале на Лигата на шампионите помеѓу Барса и Реал Мадрид тој вели дека би бил спектакл и најдобро можно финале, но дека сите осум тима кои се во четвртфинале може да го освојат трофејот, што е поразлично од мислењето на Ламин Јамал, кој смета дека откако испадна Ливерпул, сега Каталонците се први фаворити за трофејот. 

- Оглас -

Најнови вести