Куче дриблер: Два пати успеа да ја протне топката низ нозете на играчот (Видео)

Дуелот меѓу Слобода и Посушјe од првенството на Босна и Херцеговина стана вистинска сензација, но не поради мајсториите на фудбалерите, туку по тоа што го направи малото куче, кое втрча на теренот.

Додека траеше мечот, куче влезе на теренот и веднаш успеа да ја освои топката. Кучето успеа во две ситуации да „издрибла“ еден гостински фудбалер, кој се обидуваше да му ја одземе топката на кучето. Малиот натрапник успеа дури двапати да ја протне топката низ нозете на фудбалерот.

Дури потоа притрча еден домашен фудбалер и успеа да го изнесе кучето надвор од теренот.

https://twitter.com/i/status/1441062446785970184

- Оглас -

Најнови вести