Кукоч: „Јокиќ не е најдобриот од овие простори, двајца центри беа подобри од него“

Еден од најдобрите кошаркари во историјата од посторите на поранешната Југославија, Тони Кукоч, изминатите неколку дена присуствуваше во Белград, а со аплаузи беше поздравен и на дуелот од Евролигата помеѓу Партизан и Олимпијакос.

Едно од прашањата кои ги доби Кукоч беше поврзано со Никола Јокиќ и неговата доминација во НБА лигата.

„Јокиќ не е атлета, не трча брзо и не скока како американските играчи, но има особина да го одведе натпреварот во ритам кој нему му одговара. Погодува, асистира, фаќа топки, се во свој стил. Кога ќе го одведе натпреварот во свој ритам, може да прави што сака. Јокиќ, и покрај статистиката, на својата позиција не е на нивото на Раџа или Дивац.“ – рече Кукоч во Белград.

- Оглас -

Најнови вести