Шпанија како актуелен европски првак е дел од мечевите во Лигата на нации. На континенталниот собир кој летово се одигра во Германија, најконтроверзен беше дуелот во четвртфиналето на кој Црвената фурија дури по 120 минути игра, со 2:1 го победи домашната селекција на Германија.
При резултат 1:1, во дополнителните 30 минути се случи моментот кој ќе се памти уште долго. По еден шут на германски фудбалер, топката удри во раката на Марк Кукуреља, кој беше во шеснаесетникот и спречи таа да заврши кон голот.
Германците бараа пенал, но англискиот судија Ентони Тејлор беше решителен дека немало пенал. Потоа Шпанија постигна гол и победи со 2:1. Неколку месеци подоцна, од УЕФА признаа дека било направен превид, односно грешка и дека требало да има пенал за Германија.
Сега, за таа ситуација зборуваше и саммиот Кукуреља.
„Боже мој. Колку страв имав тогаш. Се помочав во гаќи. Погледнав кон судијата и го видов како вели: „Нема пенал“. Си реков дека треба да бида смирен, но не можев да бидам. Сега слушам дека велат дека требало да има пенал. Вистинскиот проблем е што постои голема конфузија со ова правило“, коментира Кукуреља за „Газета дело спорт“.