Кукурелја го фалеше Жоржињо, а беше во шок кога го прекинаа и му кажаа дека Италијанецот ќе си оди од Челзи (Видео)

Шпанецот од Челзи, Марк Кукурелја, додека даваше одговори на едно интервју, дозна дека Жоржињо ќе ги напушти Сините.

На прашањето кој е најпаметен играч на Челзи, Кукурелја рече Жоржињо и тогаш го прекинаа и му рекоа дека бразилскиот Италијанец веќе нема да игра за Челзи и дека оди во Арсенал, па ќе треба да каже друг фудбалер за кој мисли дека е најпаметен.

Кулурелја беше изненаден од информацијата дека Жоржињо веќе се фотографирал во дрес на Топчиите.

https://twitter.com/i/status/1620456896951095298

- Оглас -

Најнови вести