Калиду Кулибали е на излезна врата од Наполи, а негова следна дестинација речиси сигурно ќе биде ПСЖ. Сенегласкиот репрезентативец очекува да добие зелено светло да го напушти Неапол по крајот на оваа сезона иако има важечки договор до јуни 2023 година. Неговиот однос со претседателот Де Лаурентис воопшто не е добар по фијаското кое се случуваше кон крајот на минатата година, кое резултираше со отказ на Карло Анчелоти.
Сенегалецот речиси половина од оваа сезона ја пропушти поради повреда, вчера од трибини го следеше ремито меѓу Наполи и Барселона на „Сан Паоло“. Иако Наполи во минатото одбиваше понуди и до 100 милиони евра за Кулибали, во претстојното лето се очекува неговиот трансфер во редовите на ПСЖ да изнесува меѓу 75 и 80 милиони евра.
Како потврда дека Кулибали е на чекор од Светците, говори информацијата на француските медиуми дека купи дуплекс во срцето на Париз вреден 4 милиони евра. Оваа инвестиција е како гаранција дека Кулибали ќе биде наследник на Тијаго Силва, искусниот бразилски капитен кој по оваа сезона ќе се раздели со францускиот шампион.