22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Кулибали се договори со ПСЖ, Наполи го продава за 75 милиони евра

Наполи ја прифатил понудата од 75 милиони евра од Пари Сен Жермен за Калиду Кулибали и Сенегалецот од следната сезона ќе игра за францускиот првак.

Долго трае сагата со стоперот на италијанскиот вицешампион и во убавите времиња кога Кулибали играше во топ-форма Наполитанците одбија понуда од 100 милиони евра од Манчестер јунајтед.

Сега ќе мора да се задоволат со една четвртина помалку, а Наполи првично имаше истакнато цена од 120 милиони евра за одличниот сенегалски репрезентативец.

Кулибали има 28 години и долг период играше одлично за Наполи. Црномурестиот стопер пристигна во Неапол во 2014 година од белгиски Генк, а во кариерата има играно уште и за Мец од Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести