Калиду Кулибали, новиот дефанзивец на Челзи, мораше да ја праша клупската икона пред да го задолжи дресот со бројот 26.
Сенегалецот тој број го носеше на дресот во Наполи, сака истиот да го користи и во Лондон, па преку телефонски повик се договори со легендарниот Џон Тери.
„Извини што мојот англиски јазик не е разбирлив, но Џон, сакам да те прашам нешто. Ти последен го носеше бројот 26 во Челзи, а јас со истиот број играв во Наполи, па сега, дали може и во Челзи да ја користам 26-ката? Секако, со твоја дозвола.
„Секако дека да, ќе ми биде чест и задоволство. Го ценам тоа што ми се јави да прашаш иако немаше потреба. Бројот е слободен и знам дека ќе го носиш достоинствено. Ти посакувам многу успех“, се одвиваше разговорот меѓу Кулибали и Тери.
https://twitter.com/kkoulibaly26/status/1554122396646400003